Хроника
Уапсено лице од Удово, поседувало ловечка пушка без дозвола
Полициски службеници вчера попладне, во 18:45 часот, во валандовското село Удово, го лишија од слобода И.Л.(37) од истото село.
Како што информира МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена ловечка пушка „Берета“ калибар 12 мм, која ја поседувал без дозвола.
За настанот е известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
август 13, 2026
