Хроника
Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице
Полициски службеници денеска уапсиле едно лице од скопско откако кај него бил пронајден револвер со куршуми.
-Денеска во 12:40 часот во с.Батинци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Ф.И. (34) од Скопје, затоа што при преглед кај него е пронајден револвер и куршуми за него – соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР информираат дека по документирање на случајот, против Ф.И. ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ
август 12, 2026
