Connect with us

Хроника

Лишени од слобода три лица во Скопје, барани со потерници за издржување затворски казни

Три лица, по кои се трага со потерница за издржување затворска казна денеска се лишени од слобода во Скопшје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска трите лица ги лишиле од слобода на различни локации во градот.

Од слобода се лишени М.Ч. (23), Ф.М.(68) и С.Г. (76), сите од Скопје, барани со потерници по наредби од Основен кривичен суд Скопје, за издржување на затворски казни.

Лицата ќе бидат спроведени во надлежните казнено-поправни установи.