Connect with us

Скопје

Завршена фазата на поставување енергетски ефикасно улично осветлување во Бардовци

Во рамки на градежните активности што се реализираат во Урбана заедница Бардовци, Општина Карпош ја заврши фазата на поставување на ново, енергетски ефикасно улично осветлување.

-На новопроектираните улици „5“, „6“ и „7“ поставени се 38 нови енергетски ефикасни светилки со моќност од 35 вати, со што значително ќе се подобри осветлувањето во овој дел од Бардовци. Дополнително, на улицата „1687“ поставени се уште 11 нови енергетски ефикасни светилки, исто така со моќност од 35 вати, информира Општина Карпош. 

Општината наведува дека новото осветлување ќе придонесе до подобра видливост на јавните површини, поголема безбедност за граѓаните и поефикасно користење на електричната енергија, преку примена на современи и енергетски ефикасни решенија.

-Општина Карпош продолжува со реализација на инфраструктурни проекти и инвестиции, со цел унапредување на комуналната инфраструктура и создавање подобри услови за живот во сите населени места на својата територија, информира Општината.