Хроника
Во Дебар приведени три лица кои во возило имале кафеава материја, друго лице поради физички напад
Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи денеска во 1:05 часот, ги привеле С.З.(28) и Н.И.(24) и двајцата од селоТребиште, како и А.Б.(34) од село Жировница, општина Маврово и Ростуше.
-При преглед во паркирано патничко возило „алфа ромео“ на рекреативниот пат покрај Дебарско Езеро биле пронајдени и одземени кафеава материја и други предмети. Со лицата е извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од Секторот за внатрешни работи – Охрид.
Според истиот извор синоќа во 22 часот во ОВР Дебар, Р.В.(46) од село Коџаџик, општина Центар Жупа, пријавил дека околу 19 часот во село Новак, општина Центар Жупа, неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од Х.К. од село Новак.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

