Connect with us

Хроника

Изгоре автомобил натоварен со дрва во Старо Нагоричане, пожарот зафатил и нискостеблеста шума

Во село Пузаљка, Општина Старо Нагоричане, вчера попладне настанал пожар во паркирано патничко моторно возило натоварено со дрва, по што зафатил и нискостеблеста шума информираа денеска од СВР Куманово.

– Вчера во 18:38 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Пузаљка, Општина Старо Нагоричане настанал пожар во паркирано патничко моторно возило кое било натоварено со дрва. Од пожарот била зафатена и нискостеблеста шума-соопшти СВР Куманово.

Територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане го изгасила пожарот, во кој нема повредени лица.

Според податоците на Регионалниот центар за управување со кризи, ТППЕ Старо Нагоричане интервенирала во близина на река, каде гореле сува трева и дрвја, а бил зафатен и еден автомобил.

– Интервенцијата траела од 17:45 до 20:20 часот, при што биле ангажирани едно противпожарно возило и двајца пожарникари-наведуваат од РЦУК Куманово

Увид на местото во Пузаљка извршила екипа од СВР Куманово.