Хроника
Приведен 18-годишник, осомничен за грабеж на накит од 70-годишна скопјанка
Полициски службеници од СВР Скопје, вчера во 12:20 часот, на подрачјето на Центар во Скопје, го привеле 18-годишниот Д.И. од Кочани.
Како што соопшти денеска МВР, тој бил приведен по претходно добиена пријава дека со употреба на физичка сила од 70-годишна скопјанка одзел личен накит.
За случајот бил известен јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесат пријава по итна постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, согласно член 236 став 3 од Кривичниот законик.
август 10, 2026
