Connect with us

Хроника

Дрско и непристојно се однесувал пред градски базен, кавадарчанец во алкохолизирана состојба лишен од слобода

Дрско и непристојно се однесувал пред градски базен, кавадарчанец во алкохолизирана состојба бил лишен од слобода, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. 

– Вчера попладне во 16:50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода П.М.(27) од овој град, затоа што пред Градски базен во Кавадарци го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување, не ги почитувал наредбите на полициските службеници и при преглед кај него биле пронајдени и одземени марихуана и ризли – соопштија од СВР Велес. 

Оттаму споделија дека по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека П.М. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,89 промили алкохол во крвта. Притоа информираа дека тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настаните против него ќе биле поднесени соодветни пријави.