Connect with us

Хроника

Велешанец бил агресивен и кршел во казино, а физички нападнал и жител од Чашка и се обидел да го удри со метален предмет

Синоќа во  01:50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 49 годишниот  Д.Ѓ. од Велес. Тој претходно во казино во Велес, агресивно се однесувал и оштетил дел од инвентарот, а откако му било укажано да го напушти објектот излегол и набргу се вратил и физички го нападнал 28 годишниот А.Ѓ. од Чашка и се обидел да го удри со метален предмет, информираат денеска од СВР Велес.

Д.Ѓ. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, најавија од СВР Велес.