Хроника
Неготинец фатен со „сканија“ со песок без документација, полицијата најави пријава
Неготинец бил фатен со товарно возило „сканија“ со песок без документација, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес и најавија пријава.
– Вчера во 11:40 часот, при контрола на сепарација во неготинско село, полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР – Велес забележале товарно возило „сканија“ со неготински регистарски ознаки, управувано од А.Л., на возраст од 52 години од Неготино. Притоа било констатирано дека се врши ископ и дека возилото било натоварено со песок за што возачот не поседувал соодветна документација. Полициски службеници земале примероци од песокот во возилото и од местото на ископот. Со возачот е извршен службен разговор на лице место. Возилото било спроведено на мерење, а по насоки од јавен обвинител, подоцна е одземено за понатамошна постапка – соопштија од СВР Велес.
Оттаму споделија дека за настанот е известено Министерство за животна средина и просторно планирање. По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе била поднесена соодветна пријава.
август 10, 2026
