Connect with us

Свет

Сирски: Повративме 700 километри територија, на Драпати му оставам војска во офанзива

Во контраофанзивата оваа година Украина успеа да поврати 700 километри од својата територија, објави денеска веќе сменетиот началник на Генералштабот на украинските вооружени сили, Александар Сирски.

Тој потврди на својот канал на платформата Телеграм дека ја напушта позицијата началник на Генералштабот и истакна дека на својот наследник на функцијата, Михаил Драпати, му остава војска која „не само што држи одбрана, туку е и во офанзива“, пренесуваат британските медиуми.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека неговата одлука да го постави Михаило Драпати за нов врховен командант на вооружените сили на Украина и да го замени Олександр Сирски, ќе биде формализирана денеска.

„Заедно со Михаило, Евгениј Хмар и Павло Палис, утврдивме како треба да се реконфигурира Генералштабот на вооружените сили на Украина. Факт е дека Олександр Сирски постигна резултати за Украина во одбраната на Киев, офанзивата во Харков и операцијата Курск. Поминавме долг пат, одбраната на Украина продолжува и секој воин мора да биде третиран со достоинство“, рече Зеленски во објава на платформата Икс.

Ad
Ad