Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Ја поздравуваме акцијата на полицијата и приведувањето на Цуна, СДС да се извинат и да одговорат дали со своите смутови

Ја поздравуваме брзата акција на македонската полиција и приведувањето на бегалецот од правдата, Александар Лазаров – Цуна, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

МВР покажува високо ниво на професионално постапување и бескомпромисна борба против криминалот, при што постапува подеднакво кон секој кој се огрешил пред законот.

Со приведувањето на Цуна, паднаа во вода обвинувањата на СДСM дека Панче Тошковски сакал да го пушти на слобода.

Впрочем, оваа е уште една во низата лаги на СДСM кои им се распрснуваат како меур од сапуница, за што, како по навика, им е виновен Тошковски од кого, за што и да се случува во државата, бараат оставка.

За ваквото свесно лажење и манипулирање на пошироката јавноста, од опозициската СДСM треба да се извинат.

Од друга страна, се поставува прашањето, дали со своите лаги, манипулации и смутови СДСM сакаа да му помогнат на бегалецот?

Ad
Ad