Connect with us

Политика

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДСМ, Левица и ДУИ, кога ќе имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Изборниот законик освен што треба да се донесе поради барање на политичките партии треба да се донесе и поради вметнување на препораките и забелешките од ОБСЕ и ОДИХР, но тој треба да се донесе и затоа што е дел од Реформската агенда, во која ние како држава сме лидери во регионот.

Девет од десет реформи се исполнети, а таа една што останува е директна вина на коалицијата на СДСМ, Левица и ДУИ.

Ова е директен показател дека ако имаат можност, опозиционерите во Македонија ќе го блокираат државниот напредок.

СДСМ, Левица и ДУИ не ги интересира успехот на Македонија, не им е до нов Изборен законик, туку сакаат да се претстават како жртви, и на следните избори да се претстават како оштетени, со тоа што нема да биде донесен Изборниот законик.

Ваквите задкулисни игри кои ги води опозицијата нема да поминат и тие се разобличени.

СДСМ, Левица и ДУИ, се директните виновници за тоа што помина рокот за носење на Изборниот законик, со кој ние како држава би добиле повеќе средства од Планот за раст. Доколку не се вразумат, на следните избори ќе одиме повторно со стариот Изборен законик.

Ad
Ad