Connect with us

Фудбал

Чаби Алонсо даде објаснување зошто не отиде во Ливерпул

Новиот менаџер на Челзи, Чаби Алонсо изјави дека немал дилеми да ја прифати понудата на клубот од Лондон, иако беше поврзуван со преземање на менаџерската функција на Енфилд и Ливерпул. Шпанскиот тренер како играч остави белег во Ливерпул, особено во финалето од Лигата на шампионите 2005 година во Истанбул. На првиот ден во Челзи одговори зошто е на клупата на Челзи, а не на Ливерпул.

–   Се беше прашање на време (тајминг). Денеска сум тука на првиот ден во Челзи. Се радувам на новиот предизвик. Челзи е еден од најголемите клубови во светот и сакам да оставам белег, изјави Алонсо.

Во тој период Ливерпул немаше намера да му даде отказ на Арне Слот, но сепак подоцна тоа го стори. На клупата на Ливерпул, седна Шпанец Андони Ираола, инаку пријател на Алонсо од детството.

Алонсо претходната сезона доби отказ од тренерската позиција на Реал Мадрид, откако претходно со успех го водеше Баер Леверкузен.

Ad
Ad