Фудбал
Велшанецот Дарлоу нов голман на Манчестер Јунјатед
Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед ги засили денеска своите редови со искусниот, 35-годишен голман Карл Дарлоу, кој потпиша договор до лето 2028 година со можност за продолжување за уште една сезона.
„Многу сум горд што потпишав за Манчестер Јунајтед. Се приклучив на одлична група голмани и со нетрпение очекувам да имам здрава конкуренција да се поттикнуваме еден со друг за да ги одржиме највисоките стандарди што ги бара овој клуб“, изјави Дарлоу.
Велшкиот репрезентативец минатата сезона на голот на Лидс имаше значајна улога во обезбедувањето на опстанокот во Премиер лигата.
Минатата сезона, стандарден на голот на Јунајтед беше белгискиот репрезентативец Сене Ламенс, а во конкуренција се и Турчинот Алтај Бајиндир и 40-годишниот Том Хитон.
јули 15, 2026


