Connect with us

Фудбал

Поранешниот тренер на Челзи, Росениор, на клупата на Париз

Поранешниот тренер на лондонски Челзи, Лиам Росениор, седна на клупата на францускиот прволигаш Париз ФК, потпишувајќи денеска договор до јуни 2028 година.

Четириесетиедногодишниот англиски стратег доаѓа на местото на Антоан Комбуаре, кој го предводеше клубот до 11. место изминатата сезона во француската Лига 1.

„Лиам Росениор ги има сите квалитети што ги баравме“, рече спортскиот директор на Париз, Марко Непе. „Тој е модерен и посакуван тренер, познат по својата способност да го поттикне развојот и на индивидуалните играчи и на тимот како целина. Покрај неговите тактички вештини, бевме особено импресионирани од неговите лидерски вештини и талент за екипирање околу јасна визија“, додаде првиот човек на Париз.

Росениор се враќа во францускиот фудбал откако го напушти Стразбур, кој го предводеше од 2024 до 2026 година, пред да го преземе Челзи во јануари по заминувањето на Енцо Мареска.

Неговиот престој на Стемфорд Бриџ беше краткотраен и траеше помалку од четири месеци.

Ad
Ad