Connect with us

Фудбал

СП 2026: Шпанија во судиското продолжение ја совлада Португалија за четвртфинале

Европскиот шампион Шпанија стигна до четвртфиналето на Светското првенство без да прими гол, а минималната победа (1:0) над Португалија во осминафиналниот натпревар одигран во понеделникот ноќта во Далас ја донесоа играчите од клупата во првата минута од судиското продолжение.

Феран Торес беше асистент а Микел Мерино стрелец на погодокот со кој Шпанија ја круниса својата подобра игра во поголемиот дел од натпреварот и заслужено се пласираше меѓу осумте најдобри екипи на мундијалот.

Во четвртфиналето Шпанците ќе играат против победникот од натпреварот САД – Белгија, кој ќе се игра во текот на ноќта (2:00 часот) во Сиетл. Тој четвртфинален натпревар е закажан за 10-ти јули (21:00 часот) на стадионот „СоФи“ во Лос Анџелес.

Ad
Ad