Connect with us

Регион

Во изминатите девет години изгореле 38 отсто од шумите во областа Атика, поширокиот регион на Атина

Во периодот 2017-2025 година, во периферијата Атика, што го опфаќа поширокиот регион на Атина, во пожарите изгореле 38 отсто од шумите, согласно податоците на порталот Метео на грчката Национална опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Метео ги пренесува податоците од Службата за брзо мапирање на Коперникус и Европската опсерваторија за шумски пожари, според кои во изминатите девет години, 13 големи пожари уништиле над 70.000 хектари, а најкатастрофални биле пожарите во 2021 и 2023 година со изгорени 25.370, односно 21.560 хектари.

-Вкупната површина на регионот Атика е 250.000 хектари, при што во последните девет години во шумски пожари изгореле 28 отсто. Шумските површини во Атика зафаќаат околу 123.000 хектари, а во последните девет години изгореле околу 46.500 хектари шума, односно 38 отсто од вкупната шумска површина, пишува Метео во анализата.

На крајот, изразуваат надеж дека во 2026 година „ќе се избегнат големи пожари, за процентот од 38 отсто да не се зголеми.“ 

Ad
Ad