Connect with us

Фудбал

Постекоглу на клупата на Ал Наср

Австралискиот стратег од грчко потекло Анге Постекоглу е назначен денеска за нов тренер на саудискиот прволигаш Ал Наср.
Постекоглу стави потпис на двегодишен договор, а на клупата на Ал Наср седнува на местото на Португалецот Жорж Жезус, кој го напушти клубот на крајот од претходната сезона.
Ал Наср, предводен од португалската ѕвезда Кристијано Роналдо, во мај ја освои титулата во Саудиска Арабија, прва по пауза од 13 години.
Шеесетгодишниот Постекоглу својот последен тренерски ангажман го имаше во Нотингем Форест каде беше отпуштен во октомври лани, по само еден месец поминат на клупата на англискиот клуб.