Фудбал
Аке се пресели од Манчестер Сити во Фенербахче
Холандскиот 31-годишен репрезентативец Натан Аке е нов фудбалер на Фенербахче, објави вечерва турскиот гигант.
По шест години, Аке го напушта премиерлигашот Манчестер Сити, каде што минатата сезона играше сè помалку и помалку. Со клубот од „Етихад“, Аке ја освои Лига на шампиони, четири титули во Премиер лигата и по две во ФА купот и Лига купот.
„Натан Аке стави потпис на договорот и ќе се приклучи на тимот на подготовки во Австрија“, објави клубот од Истанбул, кој изминатата сезона го освои второто место во турската лига, зад шампионот Галатасарај.
Аке настапи на три од четирите натпревари што Холандија ги одигра на тековното Светско првенство, пред да биде елиминирана во осминафиналето од Мароко, по изведувањето пенали


