Connect with us

Фудбал

Германскиот репрезентативец Браун второ засилување на Баерн

Шампионот во Бундеслигата Баерн Минхен објави денеска дека ги засили своите редови за новата сезона со 23-годишниот лев бек на германската репрезентација Натаниел Браун.
Баерн наведе дека потпишал договор до јуни 2031 година со Браун, кој доаѓа во германскиот гигант од редовите на Ајнтрахт Франкфурт.
Според германските медиуми, вредноста на трансферот изнесува 55 милиони евра.
Браун е второто засилување на Баерн ова лето, по Мароканецот Исмаел Саибари од ПСВ Ајндховен.

Ad
Ad