Connect with us

Фудбал

Марез го одигра последниот натпревар за Алжир,

Петкратниот освојувач на Премиер лигата, Ријад Марез, објави дека се повлекува од националниот дрес, откако Алжир денеска беше елиминиран од Швајцарија во шеснаесетфиналето на Светското првенство во фудбал.

„Имаше добри моменти и, секако, тешки моменти. Тоа е составен дел од кариерата. Но, играњето за Алжир беше мој сон од млада возраст. Тоа беше огромна чест и огромен извор на гордост“, рече Марез по натпреварот.

„Сега е ред на новата генерација да настапува за репрезентацијата“, додаде фудбалерот на саудиски Ал – Ахли.

Триесетипетгодишниот Марез стави крај на репрезентативната кариера како втор на вечната листа според бројот на настапи (119) и постигнати голови (40) во дресот на Алжир.