Фудбал
СП 2026: Четири жртви во прославите по пласманот на Мексико во осмина-финалето
Четири лица смртно настрадаа во масовната прослава што следуваше по пласманот на Мексико во осмина-финалето на Светското фудбалско првенство – соопштија синоќа властите во престолнината Мексико Сити.
Триесетгодишен маж починал од срцев удар откога доживеал епилептичен напад. Другите жртви биле прегазени во стампедо додека толпата народ се собрала пред споменикот „Ангел на независноста“ во центарот на градот, јавија мексиканските медиуми.
Градската служба за итни случаи објави дека две од жртвите, маж (44) и девојка (19) се задушиле на улица.
Градоначалничката Клара Бругада ги повика навивачите да „прославуваат одговорно, со грижа и емпатија“.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изрази длабоко жалење за трагичните настани.
Повеќе од 1.600 луѓе побарале лекарска помош на стадионот „Ацтека“, на кој Мексико во вторникот вечерта го совлада Еквадор со 2-0 во шеснаесет-финалето на Светското првенство, како и за време на еуфоричната прослава што следуваше во градот, поради разни повреди, вклучувајќи скршеници и труење со алкохол
јули 3, 2026

