Фудбал
Џеко: Заминуваме од СП со кренати глави
Капитенот на Босна и Херцеговина, Един Џеко изјави дека неговата репрезентација со крената глава го напушта Светското фудбалско првенство по елиминацијата од домаќинот САД.
БиХ ја мина групната фаза со четири бодови, а во шеснаесетфиналето беше поразена од САД со 2-0 во Сан Франциско.
„Се враќаме дома со кренати глави и мора да бидеме горди на сè што направивме. Не требаше да го примиме тој втор гол. Беше многу потешко потоа. Доминиравме по нивниот црвен картон, но не успеавме да израмниме“, изјави по натпреварот Џеко, кој се осврна и на својата иднина во репрезентацијата.
„Благодарност до нашите прекрасни навивачи, а ќе видиме дали ова е крајот на мојата репрезентативна кариера‘, наведе Џеко, кој дебитираше во националниот дрес во 2007 година, а во шеснаесетфиналето против САД го одигра својот 141 натпревар за БиХ.
јули 3, 2026


