Вести
Мицкоски: Нема да се кандидирам за претседател на изборите во 2029 година
Премиерот Христијан Мицкоски ги демантира написите дека планира да се кандидира за претседател во 2029 година.
– Прво, немам намера да се кандидирам во 2029 година за претседател на државата. Кога ќе ми заврши мандатот како претседател на Владата, се враќам на факултет. Второ, кога зборувам за прифаќање на нивните предлози, сè што ќе предложат, ќе им прифатиме, освен гласањето на дијаспората и, трето, мораме сите заеднички, бидејќи сите го правевме, да се потпишеме како поднесок на истиот тој закон – изјави Мицкоски.
јули 1, 2026


