Фудбал
СП 2026: Стрелецот на голот за Канада смета дека сите шутирале со него
Канада е првата репрезентација што избори пласман во осминафиналето на Светското првенство. Победничкиот гол во дуелот со Јужна Африка го постигна Стефен Еустакио во 90+2 минута и водено стана херој на својата нација.
– Многу се трудевме за овој резултат. Навистина ја сакавме победата и им ја посветуваме на сите Канаѓани. Тоа беше неверојатен гол. Кога шутирав, имав чувство дека заедно со мене шутира целиот тим. Сите внесовме по малку во тој шут и топката заврши во мрежата и пресреќен сум. Мислам дека направивме неверојатна работа и не очекува нов натпревар, изјави стрелецот на голот Еустакио.
Во осминафиналето Канада ќе игра против победникот од дуелот меѓу Холандија – Мароко, дуел кој се игра вечерва во 3 часот по полноќ.
јуни 30, 2026

