Connect with us

Фудбал

Мареска го наследи Гвардиола на клупата на Манчестер Сити

Италијанецот Енцо Мареска е нов тренер на Манчестер Сити, откако претходно Шпанецот Пеп Гвардиола ја напушти должноста, објави денеска премиерлигашот.

Мареска потпиша тригодишен договор, до лето 2029 година.

Ова ќе биде трет мандат на Мареска во клубот, а тој доаѓа со богато искуство и бројни успеси во меѓународниот фудбал.

„Манчестер Сити е клуб што го познавам многу добро и можноста да го водам овој тим е извонредна за мене. Сити е неверојатно добро организиран клуб. Сè што прават е иновативно, испланирано и со крајна цел. За тренер, тоа е идеална средина. Ми ја дава стабилноста што ми е потребна за да можам добро да ја работам својата работа“, изјави Мареска.

Манчестер Сити назначи нов тренер, откако изминатите десет години беше предводен од Гвардиола и под негово водство клубот освои шест титули во Премиер лигата, вклучувајќи четири по ред, три трофеи во ФА купот, пет во Лига купот, како и Лигата на шампиони во 2023 година, прва во клупската историја. 

Ad
Ad