Connect with us

Фудбал

Поранешниот претседател на АТП, Калвели, нов извршен директор на Милан

Италијанскиот фудбалски гигант Милан го назначи денеска Масимо Калвели за нов извршен директор со задача да „ја врати победничката култура“, јавија денеска светските агенции.

Педесетиедногодишниот Калвели доаѓа на местото на Џорџо Фурлани, кој беше отпуштен од американскиот сопственик РедБирд Капитал Партнерс минатиот месец по неуспешната сезона во која Милан не успеа да избори пласман во Лигата на шампиони.

„Мандатот е јасен – ние играме за да победиме, а не за да не загубиме, тоа е најважното нешто“, изјави сопственикот на Милан, Гери Кардинале од РедБирд.

Калвели е поранешен професионален тенисер и беше извршен директор на АТП од 2020 до 2025 година.

Ad
Ad