Фудбал
Њукасл одби 64 милиони евра од Арсенал за Бруно Гимараеш
Премиерлигашот Њукасл ја отфрли понудата на англискиот првак Арсенал за бразилскиот фудбалер од средниот ред Бруно Гимараеш, објави денеска весникот „О Глобо“.
Лондонскиот клуб понудил 64 милиони евра за 28-годишниот Бразилец.
Арсенал планира да достави нова понуда.
Гимараеш е во Њукасл од летото 2022 година.
Минатата сезона Бразилецот одигра 41 натпревар во дресот на англискиот клуб, постигна девет гола и имаше осум асистенции.
Гимараеш, кој ги одигра сите три натпревари за бразилската репрезентација во групната фаза на Светското првенство и запиша три асистенции, има договор со Њукасл до лето 2028 година.


