Фудбал
Манчестер Сити го купи Андерсон за рекордна сума
Манчестер Сити постигна договор со Нотингем Форест за потпишување на договор со играчот од средниот ред Елиот Андерсон за рекордна клупска сума од 116 милиони фунти (153 милиони долари), објави Би-Би-Си. На тој начин 23-годишниот Андерсон ќе стане најскапото засилување на Сити, надминувајќи ги 100-те милиони фунти потрошени за Џек Грилиш во 2021 година, а воедно претставува рекордна продажба за Нотингем Форест.
Андерсон е дел од репрезентацијата на Англија на Светското првенство и беше стартер на двата натпревара победата со Хрватска 4:2 и нерешениот дуел со Гана 0:0.
Андерсон кариерата ја почна во Њукасл, а во Нотингем Форест премина за 35 милиони фунти во 2024 година, одигра 92 натпревара, постигна шест голови и има 11 асистенции.
Манчестер Сити започнува нов период откако по завршувањето на ланската сезона замина менаџерот Пеп Гвардиола, а го наследни Енцо Мареска.
јуни 26, 2026

