Фудбал
СП 2026: Германскиот селектор призна дека не заслужиле да победат
Едно од најголемите изненадувања на Светското првенство го приреди селекцијата на Еквадор, во групата ја совлада Германија со 2:1. Притоа германскиот селектор се реши да игра со најсилниот состав, но сепак мотивираниот противник успеа да направи изненадување.
– Прво би сакал да му честитам на Еквадор за заслужената победа. Мора да им се оддаде признание, имаа многу добар почеток. Сепак, сакавме да победиме, но денес не заслуживме. Затоа мора да го прифатите тоа. Важно е да покажеме малку повеќе трпение и да победиме во понеделник. Тоа е клучот, сега не се откажуваме. Летаме за Бостон во недела за да победиме, но треба да видиме против кого ќе играме, изјави селекторот на Германија, Јулијан Нагелсамн
Германија слениот дуел од 1/16 финалето го игра во Бостон против третопласирана репрезентација.
јуни 26, 2026


