Connect with us

Регион

Данас: Директорот на ЈКП за Погребални услуги има двојно поголема плата од претседателот на Србија

Од 15 директори на јавни комунални претпријатија во Белград, само еден од нив има месечен приход помал од претседателот на Србија што изнесува 253.656,20 динари, според нивните имотни листи, што ги пријавиле во Агенцијата за спречување на корупција, објави Данас.

Од најновите јавно достапни податоци, Владан Ѓукиќ, кој е на чело на ЈКП за погребни услуги има примања од 523.000 динари месечно – платата му е 273.000 динари, а пензијата од воено осигурување е 250.000 динари.

Првиот човек на Инфостан, компанијата што наплаќа комунални услуги за граѓаните на Белград, Александар Кемивеш, добива 343.227 динари месечно, од кои 268.246 динари се плата, а 74.981 динари се надомест за членство во УО на Агенцијата за развој на Србија.
На трето место со 329.703 динари е директорот на „Зеленила Белград“ Душан Тојагиќ, кој има плата од 270.005 динари и 59.698 динари што ги добива месечно како член на НО на ЈП за развој на планинскиот туризам „Стара Планина“ Књажевац.

По него следува директорот на „Белградски Електрани“ Вања Вукиќ со вкупно 305.000 динари, што, ако се погледне само платата, е највисоко.

Александар Јакшиќ, директор на Градското станбено претпријатие, има „најсиромашни“ приходи од 252.000 динари.
Од друга страна, иако градскиот превоз во Белград е бесплатен, сепак постои јавно комунално претпријатие Наплата на узлуги за превоз кое го управува Ненад Ивановиќ и, според Агенцијата за спречување на корупција, тој прима месечна плата од 259.648,74 динари.

Андрија Младеновиќ како в.д. директорот на претпријатието „Белградско метро и воз“ (Белград се уште нема метро) има плата од 239.977,45 динари, но и уште 35.000 кои ги добива месечно од буџетот и други јавни извори, но не е прецизирано за што, објави весникот.

Ad
Ad