Connect with us

Регион

Во Тирана одржан најмасовниот протест против “Зврнец”, учествуваа 250 илјади демонстранти

Во Тирана синоќа одржан е 21. протест против проектот “Зврнец”, кој беше и најмасовен ваков собир, на кој учествуваа и Албанци од соседните земји, како и од дијаспората – западноевропските земји и САД.

Според слободна процена на протестот учествувале околу 250 илјади граѓани, повторувајќи ги барањата за оставка на премиерот Еди Рама, стопирање на проектот во Зврнец и Сазан,  поништување на законот од 2024 година со кој се дозволува градба во заштитени подрачја, и оној за прогласување стратешки инвеститори.

Откако најпрво се собраа на плоштадот Скендербег, демонстрантите маршираа кон зградата на владата, каде повеќе граѓани зборуваа пред насобрана толпа.

-Дијаспората дојде затоа што влегува во сопствениот двор. Заедно ќе излеземе како победници од овој плоштад и ќе ја изградиме оваа земја, изјави еден од демонстрантите.

По повеќе од два часа говори, тие го започнаа маршот, околу владата, низ градот и познатиот објект “Пирамида”.

Мал број од нив ноќта ја минаа пред владата, порачувајќи му на премиерот Рама и на опозицискиот лидер Сали Бериша ” да заминат од политичката сцена”. 

Предупредија на радикализација на протестите.

Ad
Ad