Свет
Нова размена на воени заробеници: Ослободени по 185 руски и украински војници
Русија и Украина извршија нова голема размена на воени заробеници, при што беа ослободени по 185 лица од двете страни, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Како што пренесуваат странските новински агенции, официјална Москва потврди дека 185 руски војници беа вратени од територијата контролирана од Киев, додека во замена беа предадени исто толку заробени припадници на украинските вооружени сили.
Во соопштението се нагласува дека во реализацијата на оваа хуманитарна операција клучна улога одиграле Обединетите Арапски Емирати, кои се јавиле како меѓународен посредник во преговорите меѓу двете завојувани страни.
Ослободените руски војници моментално се наоѓаат на територијата на Белорусија, каде што им се укажува неопходната медицинска, логистичка и психолошка помош пред нивното враќање во матичната земја.
јуни 6, 2026


