Свет
Конфронтација меѓу кинеската и тајванската крајбрежна стража во Јужното Кинеско Море
Крајбрежните служби на Тајван и на Кина денеска повторно имале тензична контронтација во близина на стратешки лоцираните острови Пратас, во северниот дел на Јужното Кинеско Море.
Тајванската крајбрежна стража соопшти дека утрово забележала кинески брод кој влегол во водите околу Пратас, по што се развила напната ситуација и вербална конфронтација меѓу двете страни. Според Тајпеј, ова е втор ваков инцидент во последните две недели.
Кинеската страна засега не дала коментар.
Тајванските власти тврдат дека кинескиот брод се обидува да создаде впечаток дека Пекинг има јурисдикција врз тие води, оценувајќи дека тоа го нарушува статус-квото и ја зголемува регионалната нестабилност.
Кина го смета Тајван за нејзина територија, додека властите во Тајпеј ја отфрлаат таа позиција. Пекинг последните години го засилува воениот и безбедносниот притисок околу Островот.
Островите Пратас се под контрола на Тајван и се наоѓаат меѓу јужниот дел на Тајван и Хонг Конг. Според експерти за безбедност, островите се особено ранливи поради нивната голема оддалеченост, повеќе од 400 километри од главниот остров.
јуни 5, 2026


