Регион
Вучиќ го одложи митингот на СНС во Нови Сад по новите антивладини протести
Српскиот претседател Александар Вучиќ го одложи митингот на владејачката Српска напредна партија (СНС) во Нови Сад, кој беше најавен за 4 септември.
„Сакав и планирав да им се обратам на жителите на Нови Сад в петок, 4 септември. Со ова ве известувам дека ќе го одложиме ова обраќање и овој митинг, бидејќи за мене животот на луѓето е најважен“, напиша Вучиќ на својот профил на Инстаграм.
Синоќа, на антивладините протести што се одржаа во Белград, Нови Сад и Ниш, повторно беше поставено барањето за определување датум за предвремени избори, а се слушнаа и извици дека Вучиќ не е добредојден во Нови Сад.
Во Нови Сад, на 1 ноември 2024 година, се урна бетонската настрешница на неодамна реновираната железничка станица, при што загинаа 16 лица, а едно беше тешко повредено. Спонтано формираното студентско движење потоа ги предводеше антивладините протести, обвинувајќи ја власта за корупција и непотизам и барајќи превремени избори. Студентите ќе учествуваат на изборите со поддршка на листа кандидати кои уживаат висок углед во јавноста и досега не биле дел од политичкиот живот на земјата.
септември 2, 2026
