Connect with us

Свет

Трамп го номинира Хунг Као за секретар на морнарицата на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Хунг Као за секретар на морнарицата на САД откако тој во април ја презеде функцијата вршител на должноста, јавува ДПА.

Трамп ја објави номинацијата на својата платформа Truth Sociaл, наведувајќи дека не може да замисли никого посоодветен за оваа работа.

Сенатот допрва мора да го потврди назначувањето на Чао.

Као, поранешен потсекретар, ја презеде функцијата вршител на должноста секретар на морнарицата кон крајот на април откако Џон Фелан ја напушти функцијата. Министерството за одбрана во тоа време не даде причина за заминувањето. „Њујорк тајмс“ објави дека со месеци имало зголемени тензии меѓу Фелан и неговите двајца претпоставени, секретарот за одбрана Пит Хегсет и заменик-секретарот за одбрана Стивен Фајнберг, пренесува германската агенција.

Секретарот на армијата Даниел Дрискол, пред два дена, исто така, поднесе оставка. Тој на Икс рече дека денеска ќе му биде последниот ден на функцијата и додаде дека споровите со секретарот Хегсет, исто така, одиграле улога во неговото заминување.

Трамп го повика Сенатот брзо да го потврди Као. Конгресните избори се закажани за околу два месеци, а републиканците го бранат своето тесно мнозинство во Сенатот.