Connect with us

Свет

ФТ: Брисел подготвува намалување на овластувањата на службата на Каја Калас

Европската комисија ја забрза изработката на план за темелно реструктуирање на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) на чие чело е високата претставничка за надворешна политика и безбедност Каја Калас, објави Фајненшал тајмс повикувајќи се на извори.

Според предложениот модел, голем дел од сегашните надлежности на ЕЕАС би бил префрлен на постојните одделенија во ЕК.

Високи претставници во Брисел веќе анализираат кои работи ќе може да ги преземат одделни ресори на Комисијата. Разработката на планот може да потрае до самитот на Европскиот совет закажан за средината на октомври.

Дипломати во ЕУ наведуваат дека „општите принципи на секој пренос на овластувања“ може да бидат договорени во рамки на преговори за долгорочниот буџет на Унијата за периодот 2028 – 2034 година.