Connect with us

Општини

Почна учебната година за 16 првоодделенци во Старо Нагоричане

Почна учебната година за 16 првоодделенци во три училишта во општина Старо Нагоричане. Училиштата организираа свечен прием за новите првачиња.

-Им посакувам успешна година. Општината обезбеди 6.000 денари за секое прваче во нашата општина, што е зголемување за две илјади денари од претходните години-изјави градоначалникот Мирослав Славковски.

Како што соопшти Славковски, затворени се две подрачни училишта во селата Пелинце и Арбаншко. Учениците од овие населени места ќе следат настава во „Христијан Тодоровски Карпош“ во село Драгоманце, каде што функционира и интернат.

– Сите кои имаат решение на неопределено ќе ги задржат работните места. Ќе се бара решение за оние на определено време согласно насоките од МОН и поради процесот на оптимизација-изјави Славковски.

Во Старо Нагоричане има три училишта, „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане, „Христијан Тодоровски Карпош“ во Драгоманце и „Христијан Карпош“ во Младо Нагоричане.