Скопје
Православните верници го слават празникот Успение на Пресвета Богородица
Православните верници го чествуваат христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица. Во храмот Пресвета Богородица во центарот на Скопје од утрово и во текот на денот се слеваат голем број верници, кои запалија свеќи и се помолија на Мајката Божја.
Празникот Успение на Пресвета Богородица, познат меѓу народот и како „Голема Богородица“ е голем празник и за Скопје, бидејќи таа се смета за заштитничка на градот.
август 28, 2026
