Connect with us

Хроника

Уапсен германски државјанин, поседувал марихуана при влез во државава

Полициски службеници уапсиле германски државјанин при влез во државава, поради поседување марихуана, соопшти МВР.

-На 23.08.2026 во 11:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода К.Г.(27) од Сојузна Република Германија. При преглед во возилото кое го управувал била пронајдена и одземена марихуана, наведуваат од МВР.

Оттаму додаваат дека лицето било спроведено во СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.