Хроника
На скопјанка од Аеродром возилото ѝ било оштетено од заталкан куршум
Скопјанка од општина Аеродром пријавила дека возилото ѝ било оштетено од заталкан куршум – соопшти МВР.
– На 23.3.2026, во 15.53 часот, во СВР Скопје, Е. Ј. (34) од Скопје пријавила дека нејзиното патничко возило „киа“, со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано на булеварот АСНОМ, било оштетено од заталкано зрно од огнено оружје – стои во соопштението на Министерството.
Како што наведуваат од МВР, зрното било подигнато и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
август 25, 2026
