Свет
Расте бројот на банкроти во ЕУ
Расте бројот на банкротирани фирми во Европската Унија, а се намалува на новорегистрирани бизниси – покажуваат податоците на Евростат.
Во вториот квартал од 2026 година регистрациите на бизниси во ЕУ се намалени за 0,5 % во споредба со првиот квартал, а банкротите се зголемени за 5,7 %.
Намалување на новорегистрирани бизиниси е забележани во 5 од 8 сектори на деловната економија. Најголем пад има во индустрискиот сектор (-3,6 %), во угостителски услуги (-3,4 %) и во образованието и социјалните услуги (-3,2 %).
Бројот на новоотоворени фирми бележи раст во информатичкиот и комуникацискиот сектор (+8,8 %), како и во градежниот сектор (+1,0 %).
Од друга страна, евидентирано е зголемување на банкротираните компании во 5 од 8 сектори. Најголем раст има во образованието и социјалните дејности (+21,1 %), транспортот (+11,4 %) и финансиските услуги (+6,8 %). Намалување на банкротите е забележано во сместувањето и угостителските услуги (-2,6 %), градежништвото (-1,7 %) и трговијата (-1,2 %).
август 21, 2026
