Connect with us

Скопје

Костовски: Нов паркинг простор и нови пристапни патеки

Општина Бутел продолжува со интензивни градежни активности во населбата Скопје Север, каде во тек е изградба на нови пристапни и пешачки патеки, како и уредување на нов паркинг простор.

Со реализацијата на овие активности се создаваат побезбедни, поуредни и полесно достапни простори за граѓаните и се подобрува инфраструктурата во овој дел од општината, соопшти градоначалникот Дарко Костовски.

Во рамки на градежните активности се реконструираат пристапните влезови на станбените згради на улиците Боро Менков, Лазо Москов, Гоце Стојчевски и Костурска.

Градежната офанзива на Општина Бутел продолжува со силна динамика, со цел обезбедување еднаков и рамномерен развој на сите населени места и создавање подобра и пофункционална општина за сите граѓани.