Connect with us

Свет

Пожарот во Белгија опколен на 2,3 километри од германската граница, 3.000 хектари сè уште не се под контрола

Пожарникарите коишто се борат со огромниот шумски пожар во белгискиот природен резерват „Високи Фени“ (Hautes Fagnes), во близина на границата со Германија, успеаја да го опколат пожарот пет дена по неговото избувнување.

Итните служби цела ноќ работеа на создавање противпожарен појас со отстранување на горниот слој почва и вегетацијата, што им овозможи да стигнат до деловите од пожарот коишто поради тешкиот терен беа недостапни за копнените екипи.

Пожарот напредуваше до околу 2,3 километри од германската граница, пред пожарникарите да успеат да го опколат.

Сепак, пожарот, којшто зафати околу 3.000 хектари земјиште, сè уште не е ставен под контрола. Во текот на ноќта повторно изби на неколку места, изјави портпаролот на гувернерот на покраината Лиеж.

– Работата сè уште не е завршена – рече портпаролот.

Откако дождот и густата облачност вчера ги принудија противпожарните авиони и хеликоптери да останат приземјени, постои надеж дека временските услови денеска ќе овозможат повторно да полетаат.