Свет
Во Германија отворен технолошки центар за подобрување на безбедноста од закани со дронови
Во германскиот град Хеклинген е отворен технолошки истражувачки центар специјализиран за подобрување на безбедноста од закани со беспилотни летала, во услови на тензии со Русија по војната во Украина.
„Центарот ќе биде клучен елемент во безбедносната архитектура против хибридни закани како што се беспилотните летала“, изјави германскиот министер за внатрешни работи Александер Добринт.
Неговата изјава и отворањето на центарот доаѓаат помалку од две недели откако на аеродромот во Лајпциг беше пронајден дрон со прикачена експлозивна направа, од каде што се испраќа воена опрема и хуманитарна помош во Украина. Откако дронот беше пронајден на аеродромот во Лајпциг, министерот Добринт предупреди на „нова димензија на заканата“, алудирајќи на „можно сценарио за хибриден напад“.
Технолошкиот центар се наоѓа околу 200 километри јужно од Берлин на аеродром што го користеше авиокомпанијата „Рајанер“ до 2013 година.
„Ќе се тестираат нови апликации и технологии за безбедноста на компаниите и владините администрации и, во поголема мера, за нашата заедничка безбедност“, изјави Доротеа Бер, министерка за истражување, технологија и вселена, на церемонијата на отворање на центарот.
Минатата година, повеќе од 1.000 дронови прелетаа над критични инфраструктурни локации во Германија, според федералната судска полиција
август 19, 2026
