Вести
Николоски: Денешниот ден треба да не потсети на хероите кои во 2001 година го положија животот бранејќи ја Македонија.
“Денешниот ден треба да не потсети на хероите кои во 2001 година го положија животот бранејќи ја Македонија”, напиша нa својот ФБ, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, по положувањето свежо цвеќе во касарната Илинден, како дел од одбележувањето на 25-годишнината од масакрот кај Љуботенски бачила каде загинаа осум македонски бранители.
“Во касарната Илинден оддадовме почит на 8те припадници на резервниот состав и се потсетуваме на овој трагичен настан од 2001 година. Нивната храброст и одлучност да ја бранат татковината заслужува целосна почит. Почит за нивните семејства кои 25 години живеат со тага за загубата”, напиша Николоски.
август 10, 2026
