Регион
Вонреден конгрес на ДСК по изборниот неуспех во Косово
Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), втората по големина опозициска партија од десниот центар во земјата, денеска на вонреден конгрес ќе одлучува за довербата на партискиот лидер Љумир Абдиџику по неуспехот на последните парламентарни избори, јавија косовските медиуми.
Според весникот „Коха диторе“, конгресот е свикан за денеска во 18 часот по локално време, откако иницијативата ја поддржаа повеќе од една третина од вкупно 355-те делегати на собирот.
Тензиите во партиските редови се засилија по предвремените парламентарни избори одржани на 7 јуни, на кои ДСК освои 16,69 проценти од гласовите, односно 18 пратенички места во 120-членото Собрание на Косово. Вонредниот партиски скуп се одржува точно една седмица пред конститутивната седница на новиот собраниски состав, закажана за 6 август.
Поради внатрепартиското гласање за доверба на неговото раководство, Абдиџику во меѓувреме привремено ги замрзна разговорите со останатите политички субјекти за евентуално формирање на новите институции, наведува „Коха диторе“.
јули 31, 2026
