Регион
СПАК разгледува кривична пријава против Шехај, кој украде таен документ од канцелариите на албанскиот парламент
Првиот човек на Специјалното обвнителство против организран кримнал и корупција (СПАК), Клодијан Брахо потврди дека до обвинителството пристигнала кривична пријава, против лидерот на партијата „Можност“ и пратеник, Агрон Шехај и е во процес на верификација.
-Обвинителот ги проверува наводите, по што ќе донесе одлука, рече кусо тој.
Шехај, се најде во центарот на голем скандал откако беше обвинет дека го украл нацрт-договор за заем од 302 милиони долари од САД, од канцеларијата на Парламентот и „избегал“ трчајќи. Снимката од безбедносните камери, покажува како Шехај бега, додека вработената, од која насилно го земал документот, брзајќи по него паѓа.
Секретаријатот за процедури, гласање и етика во Собранието, донесе одлука со која го суспендира Шехај 60 дена од учество на пленарни седници и состаноци на парламентарните комисии.
Од друга страна, Шехај ги негира обвинувањата, наведувајќи дека неговите постапки имале за цел да го осудат недостатокот на транспарентност во врска со документацијата за договорот и кршењето на Уставот за негово донесување по итна постапка.
Договорот беше изгласан со 74 гласови, од пратениците на владејачката Социјалистичка партија, откако собраниската сала ја напушти опозицијата, која не се согласи истиот да биде ратификуван по скратена постапка. Средствата се наменети за модернизација на албанската армија.
Секретарот на Секретаријатот за процедури, гласање и етика, Улси Мања, објави дека Социјалистичката партија поднела кривична пријава до СПАК, против Шехај, кој, можел „слободно да го разгледа документот, како и секој пратеник, но само во канцеларијата каде бил документот а не насилно да го краде“.
Според медиумите доколку СПАК ја прифати пријавата, Шехај може да добие затворска казна во таење од најмалку 45 дена
јули 31, 2026
