Connect with us

Свет

Извештај: Во Германија во пораст сексуално насилство врз деца

Германската Федерална канцеларија за борба против криминалот (БКА) во денеска објавениот извештај „Сексуални злосторства врз млади луѓе и деца“ наведува дека изминатата година регистриран е пораст на бројот на пријавени кривични дела од сексуално насилство врз малолетници.

Минатата година полицијата забележала 17.126 случаи, што е за 772 повеќе од 2024 година и 1.600 повеќе случаи од 2021 година.

Извештајот покажува дека поголем број жртви се девојчиња, а сторителите биле членови на семејството или луѓе блиски до семејството на жртвата.

Исто така за 20 проценти е зголемена дистрибуцијата на порнографски материјал со педофилска содржина. Во извештајот конкретно се споменува зголемувањето на преносите во живо на злоупотребата на деца, при што Филипините се наведуваат како место каде што се регистрирани најмногу случаи на вакви кривични дела.

– Бројот на кривични дела од сексуално насилство врз малолетници останува застрашувачки висок. Затоа мора подобро да ги заштитиме децата, особено во дигиталниот свет, наведе германскиот министер за внатрешни работи Александар Добриндт на презентацијата на извештајот. 

Ad
Ad